Клоп: Само Господ може да ми суди

Ливерпул сезонава има реални шанси да ги освои двата најпосакувани трофеи. Гигантот од „Енфилд Роуд“ е во трка за пехарот во Лигата на шампиони, а е со одлични шанси да се надева на првиот трофеј во англиското првенство по пауза од речиси 30 години.

Иако притисокот кон тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е огромен, а навивачите очекуваат барем еден голем трофеј, германскиот стратег има интересна филозофија.

„Не може ни да замислите колку тоа не ме интересира. Никогаш не сум размислувал на тој начин. Мојата работа е да го направам тоа што е во моја можност, за клубот да биде поуспешен. Не ја работам оваа работа за да ме памтат и за 50 години. За мене не постои притисок, само шанса. Го обожавам тоа што го правам и мислам дека имаме фантастичен тим. Тоа е сѐ што ми треба за да бидам среќен. Не ме интересира што зборат луѓето, посебно тие што критикуваат. Само Господ ќе ми суди еден ден, а тоа што зборат за мене, воопшто не ме интересира“, вели Клоп.

Ливерпул утре ќе игра против Фулам на гости, во обид да се искачи на првото место во Премиер лигата, пред Манчестер сити, кој попладнево гостува кај Свонси во меч од четвртфиналето од ФА Купот на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести