Клоп се жали: Првиот гол на Челзи беше од офсајд

Ливерпул имаше водство од 1:0 на свој терен против Челзи, но на крајот загуби со 1:2 и беше елиминиран во третото коло од Лига Купот на Англија. Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп има големи забелешки на судењето и верува дека токму една таква грешка е причина за поразот на тимот од „Енфилд роуд“. Германскиот стратег вели дека првиот гол на Челзи бил постигнат од офсајд.

„Не бевме изненадени од начинот на кој играше Челзи. Имавме шанса да дадеме втор гол и да го „убиеме“ мечот, но тоа не се случи. Нема да правам трагедија од елиминацијата, иако апсолутно сум убеден дека првиот гол на гостите беше постигнат од офсајд позиција. Имаше двајца, а можеби и тројца играчи на гостите кои беа во недозволена позиција. Не знам како судијата не го виде тоа на видеоснимката. Сепак, не сакам да критикувам никого. И судиите се луѓе кои знаат да згрешат. За наша жал овојпат технологијата не ни помогна и противникот даде нерегуларен гол. Ќе продолжиме да се бориме на останатите фронтови“, вели Клоп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести