Клоп: Секој играч што сака да си замине за да игра во ЛШ, не ми е потребен

По поразот од Челзи, Ливерпул заостана во битката за топ 4 местата во Премиер лигата преку кои се обезведува пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. На 11 кола до крајот на англискиот шампионат, Црвените треба да надополнат четири бода заостаток за да бидат меѓу екипите кои во идниот септември ќе се натпреваруваат во најелитниот клупски куп.

Во меѓувреме, англиските медиуми раширија шпекулации дека одредени ѕвезди на Ливерпул би можеле да побараат трансфер доколку не се обезбеди учество во ЛШ, а наводно тоа се Мохамед Салах и Садио Мане. Сепак, Клоп ги предупреди своите играчи.

„Ги познавам моите играчи и знам колку се лојални, затоа верувам дека нема да дочекам некој играч да ми каже  дека сака да си замине доколку не се пласираме во ЛШ. А, доколку се случи тоа, тогаш тој играч не ми е потребен, не сакам да игра во мојот тим. Истото важи и за играчи кои не сакаат да потпишат со нас доколку не сме учесници во ЛШ. Ништо лично, само сакам покрај мене да има играч кои без разлика на ситуацијата би се бореле за овој клуб“, посочи Клоп.

Ливерпул утре (15 часот) го пречекува Фулам на „Енфилд“ каде што ќе се обиде да ја прекине црната серија од пет последователни порази на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести