Клоп соопшти важни вести пред клучниот дел од сезоната

Екипата на Ливерпул ги продолжува битките на три фронта, и тоа во Премиер лигата, Лига купот и Лигата на Европа. Во домашното првенство, тимот од „Енфилд роуд“ е во битка за титулата со Манчестер сити и Арсенал, во Лига купот викендов ќе има дерби против Манчестер јунајтед, а во европскиот куп на УЕФА е сигурен за следната фаза откако во првиот меч со 5:1 ја победи Спарта Прага.

Следните два и пол месецa ќе бидат клучни за сезоната, а тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, донесе убави вести за сите навивачи на овој клуб. Германскиот стратег најави дека во скоро време екипата ќе му биде комплетна.

„Многу е важно што целосно закрепна Мо Салах. Конечно тој е подготвен за 90 минути, во топ форма е“, рече Клоп. По завршување на репрезентативната пауза во март, се очекува да се врати и Трент Александар-Арнолд, а во првата половина на април во екипата треба да се вратат и голманот Алисон и Диего Жота.

За утрешниот реванш-меч против Спарта Прага во Лигата на Европа, Клоп се очекува да одмори дел од стандардните првотимци затоа што англискиот тим има убедлива предност од 5:1 и само рутински треба да го потврди настапот во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести