Клоп: Тешко ми е да зборувам после ваков натпревар

Ливерпул со неочекуваниот пораз дома од Кристал Палас попладнево, се оддалечи од освојување на Премиер лигата, а менаџерот Јирген Клоп се обиде да најде логично објаснување и причини за поразот.

„Да зборувам за овој натпревар е навистина незгодно. Првото полувреме апсолутно не беше добро, а во второто покажавме реакција, имавме шанси, но топката не влезе во гол, немавме срќа. Да примиш онаков ужасен гол со целосно слободен играч во нашиот 16-ник е недозволиво. Тоа не смее да се случува. Моите тимови се препознатливи по пресинг и контри, тоа го немавме. Пред само неколку дена одигравме лош натпревар, па може и тоа имаше врска со ова денеска“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести