Клоп: Во април ни следуваат три клучни меча само за девет дена

Ливерпул синоќа го заврши настапот во Лигата на шампионите откако беше елиминиран од Реал Мадрид. Англискиот тим загуби со 2:6 по двата меча со Кралскиот клуб и на тој начин екипата предводена од Јирген Клоп сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј.

За Ливерпул ова е најлоша сезона откако на клупата е Клоп, а германскиот стратег вели дека главна цел до крајот ќе биде клубот да се обиде да стигне до Топ 4 на табелата во Премиер лигата, а со тоа и автоматски да обезбеди учество во Лигата на шампионите и за следната сезона.

„По завршување на репрезентативните обврски, ни следуваат три многу важни дуели. За помалку од 10 дена ќе играме против Сити, Челзи и Арсенал, и тоа најверојатно ќе биде клучно за да видиме какви шанси ќе имаме да се најдеме меѓу најдобрите четири на табелата. Нашата цел е да го извадиме најдоброто од сезоната што остана“, вели Клоп.

Ливерпул на 1 април ќе гостува на Манчестер сити, три дена подоцна ќе игра против Челзи, а на 9 април противник ќе им биде Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести