Клоп во Гладбах го најде наследникот на Вајналдум

Ливерпул остана без Џини Вајналдум, кој кариерата ја продолжи во ПСЖ потпишувајќи тригодишен договор како слободен играч, па Јирген Клоп има задача да најде адекватна замена за Холанѓанецот.

Се чини дека Клоп веќе ја заврши својата работа во наоѓањето на наследник на Вајналдум, и тоа во редовите на Борусија Менхенгладбах. Се работи за, Флоријан Нојхаус, 24-годишниот репрезентативец на Германија, кој пак се најде на радарот и на уште неколку гиганти како Баерн и Јувентус.

Играчот за врска на Гладбах е високо ценет и веројатно ќе бидат потребни 40 милиони евра за да му се оствари трансферот на „Енфилд“. Нојхаус минатата сезона запиша вкупно 45 настапи за Гладбах со учинок од по осум гола и асистенции во сите натпреварувања, па си заработи место во селекцијата на Панцерите за Европското првенство кое е во тек.

- Оглас -

Најнови вести