Клоп во новиот договор побара нешто што ниту еден друг тренер не би направил

Јирген Клоп и официјално го продолжи договорот со Ливерпул и ќе остане на клупата на „Енфилд роуд“ до 2026 година. Германскиот стратег имаше договор до 2024 година, но се согласи на нов двогодишен договор, што секако беше на радост на сите навивачи на Ливерпул.

Според пишувањата во Англија, Клоп годишно заработува 15 милиони фунти по сезона и не сакаше зголемување на платата во новиот договор. Сепак, пред да го продолжи договорот, Клоп побарал нешто што ретко кој друг тренер би направил. Клоп како услов за нов договор побарал зголемување на платата на неговите помошници.

Едноставно Клоп сакал да им ја обезбеди иднината и на неговите соработници. Сите помошници на Клоп со новите договори ќе добијат по два милиони фунти повеќе по сезона.

Германскиот стратег сезонава со Ливерпул може да направи чудо и да стане првиот англиски тим со четири трофеи во една сезона. Ливерпул веќе го освои пехарот во Лига купот на Англија, ќе игра во финалето на ФА Купот, а е пред пласман во финалето и на Лигата на шампиони. Во Премиер лигата е во мртва трка со Манчестер сити за титулата, а Црвените попладнево играат на гости кај Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести