Клоп за синиот картон: Не паметам дека бордот на ФИФА некогаш имал добра идеја!

Еден од најдобрите и најхаризматични фудбалски тренери на светот, Јирген Клоп, не смета дека најавената новина со воведувањето на син картон е добра.

Доколку ова помине, ако некој играч добие син картон, ќе биде исклучен во траење од десет минути. Играчот ќе добие црвен картон ако му бидат покажани два сини картони или комбинација од жолт и син картон.

„Нека тестираат, немам проблем со тоа, но на прв поглед, не ми звучи како фантастична идеја. Јас имам 56 години и вистината е дека не можам да се сетам кога последен пат во бордот на ФИФА имале добра идеја и дали некогаш имале“, рече Клоп.

Од ФИФА појаснија дека засега ова е само идеја, а ако се стигне до тестови, тие прво ќе бидат на ниски нивоа.

 

- Оглас -

Најнови вести