Клоп: Замислете ова да се случеше пред 30-40 години

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека не можел да замисли дека ќе дојде време кога преку интернет ќе ги води тренинзите на својот тим. Поради пандемијата, формата на играчите на Ливерпул се одржува преку онлајн тренинзи, а Клоп вели дека сите фудбалери со нетрпение очекуваат да започне утринската вежба.

„Не ни можев да замислам дека до оваа мера ќе уживам во ваквиот вид тренинзи. Ако се договориме тренингот да започне во 10 часот, сите се вклучени во 9:30. Среќа е што имаме технички можности да работиме заедно, иако ниту еден од нас не е на исто место. Замислете што ќе беше ако ова се случеше во 80-тите години на минатиот век. Ќе беше навистина лудо, не само поради фудбалот, туку поради начинот на кој луѓето ќе требаше да комуницираат“, вели Клоп.

Стратегот на Ливерпул вели дека бил изненаден кога слушнал дека легендата на клубот Кени Далглиш е заразен со корона-вирусот.

„Бев шокиран кога слушнав дека Далглиш е заразен од вирусот. Сите играчи ја примија таа вест и морам да кажам дека е посебно лошо чувството кога знаеш некој што е заразен од корона-вирусот. Знаеме дека овој вирус е проблем за целиот свет и се надеваме дека на крајот сѐ ќе биде како што треба“, додава германскиот стратег на чело на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести