Клоп збесна по поразот од последниот на табелата, имаше што да им каже на играчите

Борнмут како последен на табелата го пречека Ливерпул, кој во претходното коло имаше историска победа од 7:0 против Манчестер јунајтед, па според многумина, гостите беа фаворити за триумф. Сепак, на теренот ситуацијата беше поинаква.

Ливерпул кој на Манчестер му даде седум гола, овојпат не можеше да погоди ниту од пенал, по промашениот удар од белата точка на Мохамед Салах во 69 минута. Пред да промаши Салах, Борнмут даде гол за голема радост на домаќините во 28 минута. Токму тој погодок на крајот се покажа како клучен за голема радост и три бода со кои Борнмут покажа дека има сили да опстане во Премиер лигата.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу лут по поразот од Борнмут, објаснувајќи дека неговите фудбалери не направиле речиси ништо како што треба во текот на 90-те минути.

„Што да кажам. Апсолутно сум незадоволен. Во ниту еден момент мечот не беше во наша контрола. Апсолутно ништо не направивме како што требаше. Имавме толку многу простор каде што требаше да играме, но не искористивме ништо од тоа. Имаше некои мали работи кои направија толку голема разлика. Дури имавме и пенал, но не успеавме да погодиме. Салах долго време нема шутирано пенал во првенството, а доколку постигнеше гол, текот на мечот можеше да биде сосема поинаков, но тоа е животот. И ситуацијата по која го примивме голот, не се браневме како што треба“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести