Клуб кој играше во групна фаза од Лигата на шампионите, сега е аматерски

Романскиот фудбал претрпе голем крах со приватизацијата, некои од клубовите мораа да бидат згаснати, и една Стеауа мораше да го менува името и да се регистрира како ФЦСБ. Клубот Униреа од Урзичени, беше вистински хит во Европа кога влезе во групната фаза од Лигата на шампионите, но популарниот Челзи од Лаломика, одеднаш почна да тоне и пропаѓа, па од врвот падна на дното.

Униреа во 2009 година стана шампион на Романија, влезе во ЛШ и беше во група со Севилја, Штутгарт и Ренџерс, го освои третото место, па продолжи во Лига Европа каде имаше двомеч со Ливерпул. На европска сцена имаа пресметки и со Зенит и Хајдук Сплит, но бајката брзо заврши, веќе во 2011 година почна падот.

Прво Униреа не доби лиценца за настап во првата романска лига, а кон крајот на таа година клубот згасна.

Следуваше пререгистрација, но и преселба, па сега живуркаат како аматерски клуб во пониските рангови кои се третираат како аматерски лиги. Стадионот во Урзичени не личи на стадион, се планира негово уривање, и со тоа ќе се избрише и последниот спомен од овој некогашен клуб кој беше хит.

- Оглас -

Најнови вести