Клубот ќе му испадне, а тој сам пропатува 800 км за да го бодри на гости

Кордоба одигра 3-3 на гости кај Овиедо во меч од 35-тото коло на шпанската Сегунда дивисион, а со самото тоа што не победи, дополнително си ги намали шансите за опстанок. Кордоба има дури 12 бода помалку од клубовите кои се во зоната за опстанок, па јасно е дека на крајот ќе се пресели во понизок ранг.

И покрај тоа што некогашниот примералигаш се подготвува за трета лига, еден навивач покажа што е тоа вистинска љубов кон клубот. На гостувањето кај Овиедо само еден симпатизер на Кордоба реши да пропатува 800 километри за да ги бодри гостите. Хавиер Хименес им покажа на сите љубители на фудбалот дека клубот треба да се бодри и во најтешките денови.

„Лесно е да навиваме кога работите се добри“, беше коментарот на Хименес, кој стоеше сам на трибината за гостински навивачи на стадионот во Овиедо.

Од клубот на Кордоба му се заблагодарија на навивачот кој покажа дека никогаш нема да ги остави.

https://twitter.com/Cordobacfsad/status/1120224634622881792

- Оглас -

Најнови вести