Клубот кој нема освоено трофеј цели 25 години се закани: Ќе играме со најсилен состав

Манчестер јунајтед е екипата која е страв и трепет во Англија кога се работи за мечеви на гостински терен. Црвените ѓаволи наредија 10 победи во низа во Премиер лигата, што е рекорд. Вечерва Манчестер го чека ново тешко гостување, но овојпат не во првенството, туку во Лига купот на Англија. Во меч кој треба да го даде полуфиналистот, Евертон е домаќин во Ливерпул на составот на Оле Гунар Солскјер.

Домаќините полни со оптимизам го чекаат денешниот дуел затоа што Карамелите наредија три победи во низа. Тренерот Карло Анчелоти најави дека нема да го потцени Купот и дека планира да игра со најсилниот состав кој го има на располагање. Сепак, италијанскиот стратег не заборава дека само пред еден и пол месец, Манчестер славеше на „Гудисон парк“ со 3:1 во Премиер лигата.

„Сакаме да се бориме, да го освоиме трофејот во Лига купот. Тоа би било многу важно за нас. Стигнавме до четвртфиналето на еден важен турнир, турнир кој Евертон никогаш во историјата го нема освоено. Се наоѓаме во добра форма, ќе играме против еден опасен ривал кој пред неколку недели нѐ победи на наш терен и сега е добра можност да ја покажеме формата“, рече Анчелоти.

Последниот голем трофеј Евертон го има освоено во 1995 година, кога се радуваше на пехарот во ФА купот.

„Сега сме само на два меча од финалето и фантастично би било ако стигнеме до дуелот што решава за трофејот. Затоа ќе играме со најсилен состав против Манчестер јунајтед“, додава италијанскиот стратег.

 

- Оглас -

Најнови вести