Клубот на Вејн Руни е чудо: На спектакуларен начин се спаси од пораз, но може да не се спаси од згаснување (Видео)

Фудбалерите на Дерби каунти се вистински херои сезонава во англискиот фудбал. Тимот кој е дел од Чемпионшип прави чуда. Пред почетокот на сезоната, Дерби беше казнет со 21 бод поради финансиски проблеми и сите очекуваа клубот оваа година формално да учествува и да испадне.

Сепак, се случува чудо на теренот. Тимот предводен од Вејн Руни од клупата, игра одлично. Во 28 меча има осум победи, дури 12 нерешени и само осум порази. Иако тргнаа со минус 21, Дерби каунти сега има 15 бодови и веќе не е последен на табелата.

Денеска, Дерби играше на свој терен против Бирмингем и до три минути пред крајот гостите водеа со 2:0. Дерби сепак не се предаде и прво даде гол за 1:2 во 87 минута, а потоа буквално во последниот напад, односно во 95 минута, Белик со спектакуларен гол израмни на 2:2 иго спаси тимот од пораз.

Дерби сега е на седум бодови зад Ридинг кој е на позиција што носи спас, па останува до крајот на сезоната да видиме дали тимот на Вејн Руни ќе направи чудо.

Сепак, финансиските проблеми создаваат многу поголема главоболка. Според најавите Дерби ќе мора да најде нов сопственик до 6 феврури и да почне да исплаќа дел од долгот од 60 милиони евра.

Доколку не се најде инвеститор, се заканува гаснење на клубот. Дерби постои од 1884 година и во своите витрини има две титули во првенството и еден во ФА Купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести