Клубовите од екссоветските републики се како судбина за македонските претставници

На 27 август во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, трите клубови кои се претставници на Македонија во ова натпреварување ќе треба да гостуваат во земји од поранешниот СССР, со кои авионските врски и не се баш најидеални.

На денешната ждрепка во Нион, Шкупи за противник го доби Нефчи од Азербејџан, Алашкерт од Ерменија е противникот на Ренова, а Сумгаит сити во Азербејџан се среќава со Шкендија. Сите мечеви ќе се играат без публика. Се игра еден меч, па ако биде нерешено по 90 минути, ќе се применат стандарните процедури, уште 30 минути играње, а ако и тогаш нема победник, ќе се изведуваат пенали.

- Оглас -

Најнови вести