Клубовите во Италија се против предлогот за плејоф и плејаут

Фудбалските клубови во Италија, поточно оние од елитната Серија А, се спротивставуваат на идејата за играње плејоф завршница, во која би се одредиле првакот, и кој да испадне. Причините се и правни и спортски.

Клубовите не сакаат среде сезона да им се менува форматот на лигата и начинот на пласман на табелата, а тоа не го дозволуваат ниту прописите, па би имало еден куп жалби од најзасегнатите клубови. Освен тоа, за клубовите од Серија А, нема логика да се игра плејоф и плејаут, бидејќи ако од здравствени причини нема можност за продолжување на лигата, тогаш ќе нема можност ни за разигрување со систем на елиминација.

„Ако не може да ја продолжиме сезоната каде што застана, нема никако да играме“ – изјави претседателот на Торино.

И во олимпскиот комитет на Италија се скептични околу предлогот за плејоф, бидејќи сезоната веќе почнала на еден начин и не е добро да заврши на друг.

- Оглас -

Најнови вести