Клучен ден во Барса: Дали Столе ќе брани против Левандовски?

Денес е клучниот ден за Барселона да ги регистрира новите засилувања. До пладне мора да се реши големиот проблем, во спротивно Чави не ќе може да смета на новите ѕвезди за мечот против Рајо Валјекано и Столе Димитриевски во премиерното коло од Ла Лига.

Роберт Левандовски, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Рафиња и Жил Кунде уште чекаат да се реши нивната судбина, а како што стојат работите, големи се шансите овие играчи да не бидат во составот за утрешната пресметка. Познато е дека Барселона воедно не може да ги регистрира и Усман Дембеле и Серхи Роберто, кои летово ги обновија договорите.

Познато е дека Кеси и Кристенсен може да се разделат со клубот без да запишат официјално деби. Во нивните договори има клаузули според кои може да ги поништат договорите доколку не бидат регистрирани до стартот на сезоната, односно првото коло.

Останува да се види како управата ќе ја реши ситуацијата во наредните часови, а засега Димитриевски не мора да се грижи дали својот гол ќе го брани од Левандовски и дружината.

- Оглас -

Најнови вести