Клупата на Баерн си има тежина, Елмас и дружината го натераа Нагелсман да се загрижи

Џулијан Нагелсман ја почувстува тежината на Баерн Минхен уште во подготвителниот период во кој Баварците претрпеа три порази и изборија едно реми.

Со новиот тренер, германскиот првак не забележа победа, вчера Наполи со Елиф Елмас славеа убедливо со 3-0 на „Алијанц арента“, па Нагелсман со право е загрижен.

„Нормално дека не е пријатно што ги загубивме речиси сите натпревари. Против Наполи одигравме добро прво полувреме, но потоа практично си постигнавме три автогола“, алудирајќи тоа грешките во одбраната при погодоците на Наполи.

„Сепак, мора да се нагласи дека ова беше само подготвителен период во кој голем дел од играчите не ми беа на располагање, утре ќе бидеме комплетни и ќе можеме да работиме на нашата стратегија“, додаде Нагелсман.

Баерн на 6 август гостува кај Бремер во првото коло од германскиот Куп. На 13 август почнуваат со одбрана на титулата во Бундеслигата, кога Баварците ќе гостуваат кај Менхенгладбах, а четири дена подоцна следи мечот против Дортмунд во Суперкупот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести