Клупата на Челзи ќе ја преземе ексфудбалер на Арсенал?

Маурицио Сари веќе го гледаат како бивши тренер на Челзи, се чека само официјализација, а раководството на клубот од Лондон напоредно ги разгледува опциите за нов менаџер на тимот. Иако името на Френк Лампард, поранешниот играч на Сините и актуелен предводник на Дерби, се споменуваше од првиот ден кога се дозна дека Сари ќе си оди, денеска англиските медиуми изненадија со вториот избор.

Имено, Челзи размислува да го ангажира Патрик Виера, тренерот на Ница и легенда на Арсенал, градскиот ривал на тимот од „Стемфорд бриџ“. Виера го започна тренерскиот занает во МЛС-лигата во САД, а пред почетокот на минатата сезона ја презеде клупата на францускиот прволигаш. Тој ја предводеше Ница до седмото место во изминатиот француски шампионат, но во кратката тренерска кариера досега не забележал посебен успех, односно не освоил трофеј.

Виера се смета за легенда на Топчиите поради успехот во Премиер лигата, но и ФА купот додека ги бранеше боите на тимот од „Емирати“, каде што трипати беше шампион на Англија и трипати го подигна трофејот од најстарото фудбалско натпреварување на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести