Клуж освои титула и најави дека го преговара најголемиот трансфер во својата историја

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели, е во преговори со романскиот првак ЧФР Клуж. На 29-годишниот Балотели, не му истече договорот со Бреша, врзан е до 2022, но тој сигурно ќе си замине од таму, бидејќи не им е потребен во тимот, а и испаднаа во Серија Б, па и нему не му се игра за Бреша.

На популарниот Бало до неодмна сигурно не му се вртеше низ глава дека може да игра во романското првенство, но сега и таа опција е отворена, особено што Клуж може да му понуди и играње во квалификациите за Лигата на шампионите. Клуж синоќа ја обезбеди својата трета титула едноподруго, и тоа уште повеќе им дава ветер во грб во преговорите со контроверзниот Супер Марио кој некогаш важеше за најголем талент на италијанскиот фудбал и има играно за Интер, Милан, Манчестер сити, Ливерпул, итн.

Од Клуж потврдуваат дека се во преговори со напаѓач од Италија, но не го откриваат неговото име. Сепак, се знае дека станува збор за Балотели.

Во Бреша каде дојде ланското лето, Балотели на 19 настапи даде скромни 5 гола. Нема играно од март, а во јуни проблематичниот играч престана да тренира и јасно беше дека е подобро да дојде до разделба. Минатиот месец од Бреша објавија дека Балотели има 100 килограми и затоа не го примаа на тренинг.

- Оглас -

Најнови вести