Клуж прв до групната фаза во Лигата на Европа

Клуж со сигурни 3-1 против Купс е првиот тим од квалификантите кој обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Романците утре ќе го чекаат извлекувањето, а потенцијалните противници ќе се одредат во текот на вечерта.

Домаќините уште во првиот дел од средбата завршија голем дел од работата со головите на Рондон во петтата и Дебељу во 42-рата минута. Искусниот венецуелски голгетер зголеми на 3-0 на десетина минути во второто полувреме, а Удо реализира почесен гол за Купс во судиското надополнување.

Клуж втора година во низа ќе учествува во групите од ЛЕ, откако минатата сезона загуби од Славија Прага во плејофот од Лигата на шампионите и стигна во второто по ранг европско клупско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести