Кобајаши е недостижен за конкуренцијата, леташе најдалеку и во Вал ди Фјеме

Риоју Кобајаши е недостижен за конкуренцијата и денеска повторно леташе најдалеку, овојпат во Вал ди Фјеме. Победникот на Новогодишната турнеа продолжи да доминира и со скокови од 135 и 136 метри убедливо го освои првото место.

Зад Јапонецот на второто и третото место заврши тандемот од Полска, Кубацки и Штох. Разликата во бодови што ја направи Кобајаши е огромна и изнесува 26,5 во однос на Кубацки и 31,6 повеќе од Штох.

Кобајаши сега има шест победи по ред на скокалниците во Светскиот куп и девет на последните 12 натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести