Коби Брајант ќе влезе во Куќата на славните

Коби Брајант ќе остане како еден од најдобрите кошаркари во историјата. Легендарниот Коби, синоќа трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. Заедно со Брајант, загина и неговата 13-годишна ќерка, како и уште седум други луѓе, меѓу кои имаше уште две девојчиња, врснички на неговата ќерка.

Дека секогаш ќе се памти името на Коби Брајант во НБА потврдува и најавата дека тој ќе биде прогласен за член на Куќата на славните.

„Се очекува оваа година да биде и најепска класа во историјата затоа што тука се Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан“, потврди претседателот на Куќата на славни, Џери Коланџело.

Коби е единствениот играч на кого два дреса се повлечени, а тоа се дресовите со броевите 8 и 24 во Лос Анџелес лејкерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести