Кобни пет секунди за Вардар – Петерсен и Елверум беа миленици на среќата (Видео)

Марко Кизиќ бранеше одлично за Вардар на дуелот против Елверум, имаше 12 интервенции, но и немаше среќа со уште една одбрана во последните секунди да ја донесе победата против норвешкиот тим во меч од Лигата на шампионите.

Гостите имаа многу среќа и со голот на Петерсен на три секунди до крај израмнија на 34:34 и освоија бод, што ги задржа на седмото место во А групата со пет бода, еден повеќе од Вардар, но со меч повеќе.

Кизиќ бранеше одлично, но не успеа да го фати клучниот удар на Петерсен, па среќата беше на страната на Норвежаните.

Двете екипи повторно ќе играат во Скопје на 24. февруари, а Вардар ќе има шанса со победа да го прескокне Елверум во битката за што подобра позиција пред плејофот во Лигата на шампионите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести