Кочов: Не очекував толку висока победа

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, беше изненаден од убедливоста на победата во првиот финален меч против Работнички, но кош-разликата нема големо значење во вакви серии, па затоа нема место за претерана еуфорија. За титула, седма за клубот, а прва за Кочов како тренер, на МЗТ му требаат уште две победи над градскиот ривал.

„Искрено, не очекував ваква победа. Имавме осум дена пауза и на почетокот се виде дека тоа остави негативна трага, не почнавме добро. Ова е само една победа, има уште многу до посакуваната цел. Секој меч е посебен, го забораваме овој дуел, и одиме на нова победа во вторник. Ништо не е готово, има уште пат до титулата“ – изјави Кочов кој како играч има титули и со Работнички и со МЗТ.
- Оглас -

Најнови вести