Кога бев на врвот од кариерата, бев подобар од Меси, Роналдо и Нејмар

Едилсон е еден од оние бразилски репрезентативци кои беа дел од репрезентацијата што на Светското првенство во 2002 година стигна до светскиот трон. Едилсон и на клупско ниво имаше големи успеси, па како играч се има радувано на четири титули во првенството на Бразил и тоа како играч на Палмеирас и Коринтијанс.

Едилсон е уверен дека во неговите најдобри играчи денови, бил подобар од Лионел Меси, Кристијано Роналдо и од Нејмар.

„Во најдобрите денови од мојата кариера играв подобро од Нејмар. Сега тој треба да го освои Светското првенство ако сака да каже дека бил подобар од мене. Истото важи и за Меси, ако сака да е подобар од мене нека биде светски првак. Што се однесува со Роналдо, тој е собрано сила на едно место. Има добар удар со двете нозе, но јас сум повешт од него“, вели Едилсон.

Од тројцата виртуози на денешницата, Меси е единствен што играл во финале на Мундијалот, но загуби од Германија во 2014 година. Што се однесува со Роналдо и Нејмар, тие со своите национални селекции најдалеку што стигнале е полуфинале на СП.

- Оглас -

Најнови вести