Кога двоецот Кејн – Сон погодува, Тотенхем победува (видео)

Тотенхем се врати во победнички ритам со сигурните 2-0 против ВБА благодарение на двоецот Хари Кејн – Сон Хеунг-мин. Тимот на Жозе Мурињо конечно се разигра по трите нанижани порази во англискиот шампионат од Ливерпул, Брајтон и градскиот ривал Челзи.

Двете ѕвезди на Петлите со многу мака успеаја да го скршат отпорот на тимот кој се бори за опстанок, па во период од четири минути на двапати ја затресоа мрежата на Џонстон.

Кејн во првото полувреме не искористи неколку убави шанси да се запише во листата стрелци, но подоцна го намести нишанот и погоди за 1-0 во 54-тата минута.

Само четири минути подоцна, домаќините преку контранапад успешно се заканија откако Лукас му го отвори патот на Кореецот да го реши победникот на дуелот во Лондон.

Гостите постигнаа два погодоци преку Дијање, меѓутоа и во двата случаи се судеше недозволена позиција,

Со оваа победа Тотенхем засега ќе го завземе седмото место на табелата со 36 бода, исто колку што има и Челзи, кој пак вечерва гостува кај Шефилд јунајтед. ВБА останува на претпоследната позиција со 12 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести