Кога екстремен дожд ќе ги вмеша прстите, паѓа неверојатен хаотичен гол за којшто зборуваат сите (Видео)

Хит-сцена се случувала синоќа на натпреварот од англиската Лига 1 помеѓу Плимут и Болтон. Иако оваа средба за пошироката светска јавност мина во длабока сенка на дуелите од Лигата на шампионите, сепак се најде на спортските сајтови поради третиот гол во победата на домашните од 3-0.

Многу силниот дожд направи големи проблеми, теренот беше поплавен, беше невозможно да се контролира топката. Така играчот на Плимут, кој го мина и голманот, не успеа да се снајде и топката остана зад него. Сепак, домашните некако ја протуркаа и на крајот ја сместија во голот со шут кој мораше да оди високо, а не по земја.

- Оглас -

Најнови вести