Кога игра Аталанта, може да нема публика, но не може да нема голови

Лајпциг – Тотенхем (фудбал, Лига на шампиони, 21.00 часот)

Биковите се блиску до историски успех и пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, треба да ја одбранат предноста од 1-0 која ја имаат по првиот меч во Лондон. Иако последниот пораз дома го имаа на почетокот на октомври, Германците ќе бидат внимателни со лондонските Петли кои лани беа во слична ситуација против Ајакс. Тотенхем е во лоша форма, ги немаат Кејн и Сон, не изгледаат како тим кој заслужува да биде меѓу осумте најдобри, па од Лајпциг, кој нема европско искуство, зависи кој ќе оди понатаму.

Предлог тип: 2-3 гола (2.10)

 

Валенсија – Аталанта (фудбал, Лига на шампиони, 21.00 часот)

Италијанците славеа со убедливи 4-1, па на Лилјаците не им останува ништо освен да нападнат уште од првата минута и да се обидат да победат со 3-0 или поубедливо. Нема да им биде лесно бидејќи ќе го немаат 12-тиот играч, публиката, а и во лоша форма се, Валенсија доби само еден од последните седум меча. Аталанта славеше шестпати на последните седум средби и даде дури 28 гола. Ако Аталанта даде гол, пред шпанскиот тим ќе биде невозможна мисија, веруваме дека ќе има голови.

Предлог тип: 4+ (2.12)

 

Еибар – Реал Сосиедад (фудбал, Шпанија, 20.00 часот)

Ова е мало баскиско дерби. Еибар се бори за опстанок, Реал за излез на европска сцена. Сосиедад е тим кој уште од 14 декември нема одиграно нерешено. Гостите загубија од Барселона, но фаворити се во вечерашниот меч, барем на хартија, и ако слават, ќе се изедначат по бројот на бодови со четвртиот Хетафе. Во ноември екипата од Сан Себастијан победи со 4-1, а сега на тесниот терен на „Ипуруа“ ќе биде малку потешко.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

Портсмут – Флитвуд (фудбал, Англија 3, 20.45 часот)

Ова е дерби во англиската Лига 1 бидејќи двата тима се на шесто, односно седмо место и имаат еднаков број бодови. Тој што би победил, би се изедначил со второпласираниот Ротерам. Портсмут е во мала криза, додека Флитвуд не знае за пораз на последните пет гостувања. Сепак, Портсмут дома е одличен и ако не се смета поразот од Арсенал во ФА купот, на свој терен нема пораз уште од крајот на септември.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.68)

 

Партизан – Спартак Суботица (фудбал, Србија куп, 18.00 часот)

Црно-белите од Белград се огромни фаворити. Тие се во потера по петта куп-титула по ред и иако имаат неколку повредени играчи, во ова осминафинале не би смееле да киксираат против Сините гулаби од Суботица. Спартак е во лоша форма во последно време, а и на последното гостување кај Партизан загубија со 0-4, па нема причина за нивен оптимизам дека може да го изненадат Парниот валјак, но можеби ќе дадат гол.

Предлог тип: Т2 1+ (2.12)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Еибар – Реал Сосиедад Х2 & ГГ (2.60)

Лајпциг – Тотенхем Т1 1-2 пол. (1.90)

Валенсија – Аталанта 2+I и 1+II (2.60)

 

- Оглас -

Најнови вести