Кога играат најефикасните во Италија, треба да биде со голови на двете страни

1103 Челзи – Евертон (19.00 часот)

Ова е дуел на две екипи кои за тренери имаат стручњаци кои некогаш работеле во ПСЖ. Челзи под водство на Тухел има одлични резултати, но и Евертон со Анчелоти има три победи по ред и ако слави вечерва, ќе избие пред лондонските Сини во тесната трка за место во Лигата на шампионите. Заедничко за двата тима е што ретко примаат голови во последно време, па според тоа, не би требало мечот да биде ефикасен. На 12 декември во Ливерпул, Евертон победи со 1-0, а Карамелите не загубиле на гости уште од 1 ноември. Но, Евертон дури 27 години нема победа на „Стемфорд бриџ“.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.80)

 

1104 Вест Хем – Лидс (21.00 часот)

Чеканите и Лидс се непредвидливи фајтерски екипи, може секого да победат, но и од секого да загубат. И едните и другите ретко играат нерешено. Вест хем се бори за излез во Европа, ако победи, може да избие пред Челзи со еден меч помалку од Сините, а иако загуби во минатото коло, даде силен отпор против Манчестер сити. Лидс има три порази во последните четири кола. Во декември, Вест хем како гостин победи со 2-1.

Предлог тип: ГГ (1.58)

 

3650 Интер – Аталанта (20.45 часот)

Ова е сериозен тест за шампионските амбиции и карактер на Интер. Ако ја совлада и опасната Аталанта, тимот од Милано ќе докаже дека е способен да опстои на врвот и да го освои Скудетото. Во победничка серија се двата тима. Ова е дуел на двете најефикасни екипи во Серија А, а Аталанта, која седум години не победила на гости кај Интер, заостанува 10 бода зад лидерот на табелата. Есеноска во Бергамо беше 1-1, а нерешено со 0-2 гола завршиле и последните две гостувања на Аталанта на „Џузепе Меаца“.

Предлог тип: ГГ (1.62)

 

1310 Бетис – Алавес (21.00 часот)

Шестиот Бетис има три победи по ред, додека Алавес, кој е претпоследен, има три порази едноподруго. Според овој показател, логично е вечерва да победат домашните, но Алавес се бори за опстанок и не е исклучено да освои барем бод. Алавес на гости во лигата не победил уште од сензацијата во ноември против Реал Мадрид, но тимот од Виторија летоска во јули го победи Бетис во Севилја со 2-1. Потоа Бетис во септември победи на гости со 1-0.

Предлог тип: 1 (1.82)

 

2870 Ница – Монако (21.00 часот)

Ова е дерби од 16-финалето во Купот на Франција. Ждрепката сакаше да ги спои овие прволигаши и соседи (од Ница до Монте Карло има само 20-тина километри) од Азурниот Брег. Во првенството, Монако беше во налет, но беше запрен пред пет дена од Стразбур. Ница е тим кој четири од последните пет меча ги заврши со резултат 2-1 (двапати победија и двапати загубија). И три од последните четири меѓусебни дуели на овие екипи завршија со 2-1 (две победи на Монако и една на Ница).

Предлог тип: 2-4 гола (1.51)

- Оглас -

Најнови вести