Кога играат овие две репрезентации, секогаш победува гостинот

Еден од најинтересните натпревари од вечерната програма на Квалификациите за Европското првенство 2024 ќе биде дуелот во Братислава, помеѓу Словачка и Босна и Херцеговина.

Овие две репрезентации имаат одиграно само три меѓусебни дуели, а она што е интересно е дека на сите натпревари победувала гостинската екипа. Така, репрезентацијата на Босна и Херцеговина има две победи на гостувањата во Словачка, додека словаците славеле на единственото гостување кај денешниот противник.

Во прилог на Босна и Херцеговина и оди и лошата форма во која се наоѓа репрезентацијата на Словачка, кој има четири нерешени натпревари во серија, но и воопшто нема победа на последните шест натпревари.

Квотата за победа на Босна и Херцеговина во понудата на Sport Life е одлична, 2.90.

Натпреварот започнува со 20 часот и 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести