Кога Меси е незадржлив, Барселона сигурно победува (Видео)

Барселона стигна до третото место во Примера дивисион, откако вечерва освои три бода на гостувањето кај Атлетик Билбао. Каталонскиот гигант до победата стигна со пресврт, затоа што домаќините први постигнаа гол и тоа по само 170 секунди игра.

Вилјамс го доведе Атлетик во водство, но само 10-тина минути подоцна Падри израмни по одличната асистенција на Де Јонг. До крајот на полувремето, Барселона успеа и да поведе. Меси и Педри одлично комбинираа, а капитенот на гостите погоди за 2:1.

Меси во 62 минута успеа уште еднаш да го матира домашниот чувар на мрежата за 3:1 за Барселона.

Во самиот финиш, Атлетик намали на 2:3 благодарение на голот на Муниаин, но домаќините немаа сила за трет погодок и на крајот мораа да се помират со пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести