Кога Мидлтон игра како утрово, Милвоки е непобедлив за Атланта (Видео)

Милвоки бакс вторпат по ред ја совлада Атланта хокс, овојпат на гости со 113-102, и поведе со 2-1 во источното финале на НБАлигата. Овој трет меч од серијата може да биде и решавачки бидејќи освен што Бакс си ја врати предноста на домашниот терен, на Хокс им се повреди првата ѕвезда Тре Јанг и ако не може да игра на следните дуели, шансите на Јастребите за пласман во големото финале се мали.

Крис Мидлтон беше човекот кој му ја донесе победата на Милвоки. Мидлтон мечот го заврши со 38 поени (изедначување на личниот плејоф рекорд), 11 скока и 7 асистенции, а само во клучната последна четвртина уфрли 20 поени, повеќе од целиот противнички тим (последната четвртина Бакс ја доби со 30-17). Јанис Адетокумбо исто така беше одличен со 33 поени, 11 скока и четири асистенции.

Кон крајот на третата четвртина, Јанг го повреди глуждот на десната нога и тука почна падот на Атланта. Да биде малерот поголем, Јанг се повреди на бизарен начин, ја свитка ногата откако нагазна на стапалото на судијата.

Тој играше и во последниот квартал, но без никаков ефект. Денеска ќе биде сниман, а настапот на четвртиот меч му е неизвесен. Јанг даде 35 поени, од кои 32 пред да се повреди.

Ова се поените на Мидлтон во последната четвртина, со кои тој стана јунак на натпреварот:

- Оглас -

Најнови вести