Кога мора да победиш за влез во плеј-офот, не е тешко да се слави и на теренот на најдобрите

Бруклин го изненади Милвоки и славеше на гостински терен со 133:128, во еден од двата меча кои ноќеска се одиграа во НБА лигата. Милвоки веќе го имаше обезбедено приматот на најдобар тим во лигата по регуларниот дел од сезоната, па овој 21-ви пораз не им носи голема штета. Бруклин со овој триумф се искачи на седомото место на Истокот, но уште теоретски нема обезбедено место во плеј-офот.

Гостите одиграа одличен офанзивен меч на ова гостување на теренот на најдобриот тим и постигнаа 133 поени што се покажаа како доволни за нивни 40-ти триумф во 80 меч. Данџело Расел со 25 поени и 10 асистенции беше најдобар кај победничкиот тим, а Карис Леверт постигна 24 поени.

На победа на гости се радуваше и Филаделфија против Чикаго. „76-ките“ славеа со убедливи 116:96 и стигнаа до 50-тата победа во 80 меч. Чикаго ја привршува очајната сезона во која досега победи на само 22 натпревари.

https://youtu.be/30PLX67-BeM

- Оглас -

Најнови вести