Кога на Гвардиола ќе му се „спојат жичките“ (Видео)

Манчестер сити имаше историска 2023 година кога освои дури трофеи дури во пет различни натпреварувања. Тој успех е многу тешко да се повтори, но тренерот Пеп Гвардиола секогаш бара од своите фудбалери да бидат максимално подготвени и фокусирани.

На последниот меч на кој Сити на гости го победи Тотенхем со 1:0 и продолжи во следната фаза од ФА Купот, Гвардиола се радуваше со своите фудбалери, но во еден момент збесна.

Кога дојде ред да се поздрави со Рубен Дијас, Гвардиола почна да му држи лекции на Португалецот. Фудбалерот не беше толку сериозен и се обиде да му подаде рака на својот тренер и да се поздрават, но Гвардиола луто го одби поздравот и продолжи да му вика на фудбалерот. Дијас на крајот со насмевка си замина, иако не доби поздрав од тренерот. За разлика од Дијас, Гвардиола без проблем се поздрави и му честиташе на Кевин де Брујне.

- Оглас -

Најнови вести