Кога најдобриот на светот зборува, мора да молчиш и да слушаш

Френки Де Јонг беше меѓу најскапите засилувања на Барселона пред почетокот на оваа сезона, дури 75 милиони евра Каталонците платија на Ајакс за неговите услуги. Иако доста млад, Де Јонг покажува зрелост во неговата игра и е меѓу првите опции за почетниот состав кај тренерот Кике Сетјен, а така беше и со Ернесто Валверде.

За „Би-Би-Си“ Де Јонг говореше за животот во Барса и играњето покрај Меси, посочи дека кога најдобриот фудбалер во светот зборува, мора да молчиш и да слушаш.

„Кога Меси ќе ти се обрати и ќе ти даде совет, мора да го прифатиш бидејќи добиваш совет од далеку најдобриот играч на светот. Кога тој зборува, мора да молчиш и да слушаш. Некогаш ќе ти посочи ситни детали кои прават огромна разлика на теренот“, истакна Де Јонг.

Холандскиот репрезентативец, меѓу другото, откри дека пред преселбата на „Камп ноу“, имал понуди и од Манчестер сити и ПСЖ, меѓутоа неговиот сон бил да заигра за Барселона и воопшто не се двоумел да ги одбере Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести