Кога оди – оди, Парехо несакајќи даде голчиште (Видео)

Вилјареал има неверојатни 4-0 по првото полувреме на гостувањето кај Селта. Со оваа победа која е извесна, Вилјареал привремено изби пред Барселона и ќе биде трети на табелата. Жолтата подморница од 2002 наваму не дала четири гола во прво полувреме.

Селта игра без Јаго Аспас кој се повреди и без својот лидер галицијците делуваат загубено. Џерард Морено стана првиот играч во ЛаЛига со двоцифрен број голови сезонава, а интересен погодок даде Дани Парехо. Тој изведе слободен удар од страна и сакаше да нафрли, но никој не ја допре топката и таа отпатува во мрежата на домашните.

https://www.youtube.com/watch?v=HiSH4ve1DcQ

- Оглас -

Најнови вести