Кога по мечот ќе дознаеш дека си добил исклучување (видео)

Милвоки ноќеска го совлада тимот на Њујорк со конечни 112:96, но сите зборуваат за клинчот меѓу Јанис Адетокумбо и Енес Кантер. Ѕвездата на Бакси при еден напад во последната четвртина се судри со турскиот кошаркар, по што се најде долу на паркетот. Популарниот „Грик фрик“ не се воздржа, а да не му префрли неколку збора на Кантер, овој возврати, па мораа да бидат разделени од судиите и соиграчите.

Кантер потоа мораше да оди во соблекувалната за да може клупскиот доктор да му ја коригира раната на аркадата и не се врати на теренот, притоа не знаејќи дека добил втора техничка и бил исклучен од игра. Непосредно по завршувањето на средбата, Кантер беше прашан од страна на новинарите што мисли за добиената втора техничка, но тој дури тогаш разбра дека ја заработил и се изненади.

„Навистина добив втора техничка и ме исклучија? За што ја добив? Ох, не знаев, заминав во соблекувалната на шиење. Сеедно, одлуките на судиите мора да се почитуваат“, истакна Кантер.

- Оглас -

Најнови вести