Кога Руни седна на клупата на Бирмингам, беа шести, сега се 18-ти, а вели напредувале!

Вејн Руни беше одличен фудбалер, но како тренер не се прославува. По работата во Дерби каунти и американскиот Ди Си Јунајтед од Вашингтон, Руни пред малку повеќе од еден месец седна на клупата на Бирмингам сити, и тоа во момент кога беа шести на табелата и се бореа за влез во Премиер лигата.

Под водство на Руни, тимот освои само еден бод во пет кола и сега се бори за опстанок во Чемпионшип. Има седум бода негатива зад шестиот, а шестото место носи разигрување за влез во англиската елита.

Има уште многу до крајот, уште цели 30 кола, а Руни верува дека гледа напредок и дека треба да ја подобрат одбраната за да почнат да бележат подобри резултати.

- Оглас -

Најнови вести