Кога сака да биде: Роналдо во 45+7 го оживеа вчерашниот предлог-тикет

Благодарение на Кристијано Роналдо и неговиот гол за 1-0 против Сампдорија длабоко во судиското надополнување од првото полувеме, вчерашното издание на Типстерските совети се покажа како добитна комбинација при коефициент од 27.14. За јули ова е веќе четврти добитен тикет од пет парови кој ви го нудиме, а втор за четири дена. Тикетот од минатата недела носеше коефициент 40.

Претходно понудивме добитно ливче пред десетина дена, како и во првиот ден од месецов.

Се чекаше дури до седмата минута од дополнителното време во првиот дел за Јувентус да поведе, па токму португалската мегаѕвезда ни донесе среќа за нова добитна комбинација со дуели од Премиер лигата и Серија А. Најмалку еден гол се чекаше во Торино во првиот дел, па кога веќе поведе Старата дама, стануваше јасно дека и „кецот“ е практично обезбеден, а овој дуел имаше најмала квота од сите пет парови.

Тие читатели што го одиграле тикетот, нормално сега се добитни и повторно ќе одат на исплата.

До 19 часот веќе имавме погодено три дуели, точни беа типовите на фаворитите Челзи, Јунајтед и Сити во последното коло од Премиер лигата, а токму тимовите од Манчестер ги носеа највисоките квоти на тикетот, по 2.22.

Челзи уште во првото полувреме ја заврши работата против Вулс и победи со 2-0 за „чист кец“. Со идентичен резултат се радуваа и Црвените ѓаволи на гости кај Лестер, па на тој начин излезе двојната шанса X2 и границата до три гола.

Голема неизвесност до последната минута од регуларното време држеше Манчестер сити, каде што беа потребни најмалку пет погодоци при трумф на Граѓаните против Норвич. До 79-тата минута беше само 2-0 пред Стерлинг и Марез да зголемат на 4-0 до 83-тата минута, а дури во завршницата Де Бројне ги постави конечните 5-0.

Рома и Фиорентина можеа да ремизираат кога веќе беше 1-1 по педесетина минути игра, што нам ни одговараше, но за да не виси тикетот во воздух, се погрижи Веретут со погодок од пенал за конечни 2-1 во корист на Рома.

За сите кои нè послушавте да го уплатите тикетот, со убаво да си ги трошите парите, без разлика колкава е добивката.

 

- Оглас -

Најнови вести