Кога само 1,2 отсто ќе го погодат победникот, не може да се очекува добар резултат на Спортска прогноза

Петмина прогнозери имаа по девет погодоци и беа најуспешни од вкупно 1.340 кои типуваа во последното коло на Спортска прогноза. Овој резултат од девет погодоци сепак е далеку за освојување мобилен телефон „ајфон“, кој се доделува за „Среќна 13-ка“, односно за перфектно типување.

Во ова коло нема ни вредносни ваучери, а главни виновници за ваквиот исход се два меча од германската Бундеслига. Само 3,2 отсто успеаја да погодат дека Келн ќе слави на гости кај Херта, а резултатот беше по малку чуден, дури 5:0 за гостите.

Ако победата на Келн беше изненадување, тогаш вистинскиот шок се случи во последниот дуел од ова коло. Синоќа Унион Берлин победи на гости кај Ајнтрахт во Франкфурт со 2:1. Победата на гостите ја прогнозирале само 1,2 отсто од 1.340 прогнозери, па воопшто не е чудно зошто во ова коло нема да има подароци.

Иако 24-тото коло може да се прогласи за неуспешно, не смее да има разочарување и откажување. Веќе во 14 часот ќе започне новото коло на Спортска прогноза и ќе може повторно бесплатно да типувате за освојување на „ајфон“ или вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари од Sport Life.

Следете Спорт Манија и играјте Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести