Кога шутира Хансен, некогаш не помага ни жив ѕид (Видео)

Данската ракометна ѕвезда Микел Хансен на мечот против Катар покажа зошто е еден од најдобрите светски играчи во последната деценија, па и малку повеќе. Тој во последната секунда од првото полувреме на вчерашниот меч со Катар даде гол од девет метри, иако пред него беше испречен жив ѕид од противнички играчи со кренати раце.

Сепак, ѕидот беше како швајцарско сирење и Хансен најде доволно голема дупка низ која топката мина и го изненади голманот.

https://twitter.com/i/status/1352526418178138118

- Оглас -

Најнови вести