Кога среќата е на твоја страна, лесно е да се фатат и над 9.000 евра!

Обложувањето на репрезентативните натпревари има посебен шарм. Секогаш се верува дека фаворитите ќе стигнат до победи и тоа треба да донесе многу пари. Така беше синоќа. Белгија, Франција и Португалија ги оправдаа фаворитските улоги во мечевите од Лигата на нациите, а на крајот израдуваа еден обложувач во Sport Life кој уплатил тикет во Гевгелија.

Без многу филозофии, но со многу храброст и верба во квалитетот на фаворизираните селекции, обложувачот уплатил 7.000 денари на три пара. Одлуката била едноставна. Белгија да даде два гола во првото полувреме против Исланд, додека Франција и Португалија да имаат двојна победа против Хрватска, односно Шведска.

Белгија многу лесно даде два гола уште во првите 20 минути, но на останатите два меча имаше драма. Кристијано Роналдо е херојот на Португалија, но и на обложувачот од Гевгелија затоа што неговите два гола му донесоа добитен тикет. Португалија победи со 2:0, а тоа беше таман за да е погодено за двојна победа.

Во реприза на финалето до Светското првенство, Франција со 4:2 ја победи Хрватска, а двете полувремиња завршија со победа на Галските петли со 2:1. Хрватска поведе со голот на Ловрен во 17-тата минута и имаше водство до две минути пред крајот. Во 43-тата минута Гриезман погоди за 1:1, а во првата минута од судиското надополнување Ливаковиќ си даде автогол за 2:1 за Франција.

И во вториот дел Хрватска прва даде гол за 2:2, но потоа следуваа два погодици на Франција за конечни 4:2 и добитен тикет. Со 7000 вложени денари, добивката е 566.528 денари! Фаворитите победија според посакуваниот план, но среќата дефинитивно беше на страната на овој обложувач од Гевгелија.

ГОЛ-ГОЛ ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ, А СРЕЌАТА ПОВТОРНО СЕ НАСМЕВНА ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ

И вториот тикет кој празнично донесе многу среќа е уплатен на истото место во Гевгелија, а е на три меча од англиски дуели од ЕЛФ трофејот. Прогнозата е иста за сите три дуели, а тоа е двете екипи да дадат барем по еден гол во првото полувреме.

Гол-гол беше на Питерборо – Буртон (2:1 на полувреме), Бристол – Волсал (1:1 на полувреме) и на Ипсвич – Арсенал У21 (1:1 на полувреме). Токму на третиот меч, Арсенал У21 постигна гол во 45+1 минута за израмнување на 1:1 и добитен тикет. Со 3.000 вложени денари, добивката на овој тикет е 237.359 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести