Кога суди Пролетина, се топат и снукер-играчите и навивачите (Видео)

Кога би се правел избор за Мис на спортска судијка, Бугарката Пролетина Величкова сигурно би била во најтесниот круг на кандидатки за титулата. Оваа 27-годишна судијка родена во градот Сливен, во 2012 година дебитираше како судија на професионален меч, а таа е еден од арбитрите на Отвореното првенство на Велс во снукер, настан на чии мечеви може да се обложите во SPORT LIFE.

Денеска се играат четирите четвртфинални натпревари на турнирот на којшто се случија многу изненадувања, но имаше и еден максимален брејк од 147 во изведба на Австралиецот Нил Робертсон. Освен Величкова, меѓу судиите кои судат на Отвореното првенство на Велс е и уште една нејзина симпатична сонародничка, Десислава Божилова, која исто така во последно време многу напредува и добива шанса да суди важни натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=MylKsQYp9Qc

- Оглас -

Најнови вести