Кога судијата знае да суди паѓаат евроголови и од 50 метри (Видео)

Фантастичен гол од над 50 метри постигна Бразилецот Андре Силва за португалскиот прволигаш Ароука, а многу заслуга има и одличниот арбитар Верисимо, кој имаше сенс да дозволи играта да продолжи, иако претходно имаше фаул.

Верисимо му даде предност на Силва, а бразилскиот ас постигна фантастичен гол од својата половина.

Ароука го победи Жил Висенте со 2:1, а голот на Силва може да конкурира за гол на сезоната и за наградата „Пушкаш“.

- Оглас -

Најнови вести