Кога во Мбапе ќе се „спојат“ Роналдо и Меси, следува фантастичен гол (Видео)

Легендарниот Пеле најави дека негов наследник ќе биде Килијан Мбапе. Ѕвездата на ПСЖ дефинитивно ќе биде наследникот на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во светскиот фудбал, а тоа го потврди уште еднаш вечерва со фантастичен погодок на дуелот против Лил, во Купот на Франција.

ПСЖ победи со 3:0, а Мбапе даде два гола, додека еднаш погоди Мауро Икарди. Посебно впечатлив беше погодокот во 90 минута кога Мбапе се „претвори“ како Роналдо и Меси во едно. Најпрво успеа со финта да го исфрли противникот, а потоа претрча половина терен како да нема никој покрај него, за да на крајот со велемајсторски потег, со лоб удар го матира противничкиот голман.

 

- Оглас -

Најнови вести