Кои четири репрезентации се пласираа во нокаут-фазата пред да го одиграат последното коло?

Репрезентациите на Англија, Чешка, Франција и Шведска веќе се учесници во осминафиналето од Европското првенство иако допрва треба да ги одиграат натпреварите од третото коло во групната фаза.

Овие четири селекции имаат по четири бода освоени во два натпревари, што се доволни за учество во следната рунда. Покрај нив, и Швајцарија е во осминафиналето со четири бода како моментално најдобра третопласирана селекција.

Од претходно познати осминафиналисти се: Италија, Велс, Белгија, Данска, Холандија и Австрија од нашата група Ц. Воедно познати се и два осминафинални парови.

Италија – Австрија и Велс – Данска први ќе одлучуваат за пласман во топ 8 фазата, дуели кои се закажани за 26 јуни.

- Оглас -

Најнови вести