Кои екипи продолжуваат во Лигата на конференции

Вечерва завршија настапите во групната фаза и во третото европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, по што се познати сите екипи кои ги продолжуваат настапите во нокаут-фазата.

Слично како и во Лигата на Европа, првопласираните екипи и во Конференциската лига обезбедуваат директен пласман во осминафиналето, додека второпласираните екипи ќе играат во 16-финалето против третопласираните екипи од Лигата на Европа.

Директен пласман во осминафиналето обезбедија Лил, Макаби Тел Авив, Плзењ, Бриж, Астон вила, Фиорентина, ПАОК, Фенербахче.

Второпласирани екипи во Лигата на Конференции се: Слован Братислава, Гент, Динамо Загреб, Бодо/Глимт, Легија, Ференцварош, Ајнтрахт, Лудогорец.

Третопласирани екипи во Лигата на Европа се: Олимпијакос, Олимпик Марсеј, Спарта Прага, Спортинг, Тулуз, Рен, Рома, Карабах.

- Оглас -

Најнови вести