Кои се четирите грешки што ги има направено ВАР-системот сезонава во Англија?

Англиската Премиер лига од сезонава ја користи ВАР-технологијата, која помогна правилно да бидат досудени многу спорни ситуации. Сепак, ВАР-системот не е перфектен, па шефот на англиските судии, Мајк Рајли, откри дека досега имало четири ситуации во кои технологијата погрешила.

Англичаните досега во 227 спорни ситуации користеле помош од ВАР-системот, а ова се четирите ситуации во кои се донесени погрешни одлуки.

Во третото коло, Манчестер сити играше против Борнмут и требаше да има пенал по фаулот над Силва во шеснаесетникот на гостите. Судиите во ВАР-собата процениле дека нема доволно простор за удар од белата точка. Граѓаните победија со 3:1 на овој меч.

Вест хем со 2:0 го победи Норвич пред две недели, а во една ситуација требало да има фаул за домаќините. Истиот ден кога се играл овој меч, Јури Телеменс Требало да добие црвен картон за стартот над Калум Вилсон. Њукасл даде гол против Ватфорд, но судиите не забележаа дека во акцијата по која беше постигнат погодокот, еден играч на Њукасл играл со рака.

Новите возбудувања во Премиер лигата се веќе утре, а комплетната понуда за обложување на мечевите од англиските лиги може да ја пронајдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести